Подарок што ќе ги избрише неправилностите и лузните: Cell-1 гел-крем со екстракт од полжав

Овoj и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Cell-1 подарува регенеративен гел-крем со екстракт од полжав.

Cell-1 гел-кремот е оригинален швајцарски препарат, кој се темели на активна формула со екстракт од полжав. Доколку се применува редовно, може значително и видливо да придонесе за измазнување на брчките, повлекување на мозолчињата, избелување на дамките и лузните, како и избледување на стриите на кожата. Со својства што ја зацврстуваат кожата, Cell-1 ги стеснува порите, што резултира со мазен и рамномерен тен. Cell-1 гел-кемот се нанесува на кожата на лицето и на телото во форма на точки. Cell-1 како козметички агенс нема некакви несакани ефекти, добро се поднесува и погоден за сите типови кожа.

Доколку сакате да го добиете на подароктреба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во септември, во рубриката ТРЕНД. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Фото: ПР

Прочитајте и
1 коментар
  1. Smilja вели

    Preubav podarok i mnogu potreben za moeto lice – pozdrav do timot na ubavina i xdravje i samo uspesi da redote vo godinive pred vas

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.