Селска пита со грашок

Рецептот на баба

Совршен рецепт за љубителите на пити.

Состојки:

  • 1 помал страк праз
  • 2 моркова
  • 500 г мелено пилешко месо
  • 500 г млад грашок
  • 200 г шампињони
  • 350 мл доматен сок
  • 1 лажиче мелен пипер
  • 1 лажица сечкан копар
  • 1 кг бел компир
  • 40 г путер
  • 50 мл млеко
  • 1 јајце
  • масло
  • сол

Приготвување:

  1. Празот се чисти и се сече на коцки, морковите се лупат и крупно се рендаат, шампињоните се сечат на листови.
  2. На малку масло се пропржува празот, а потоа се додаваат морковите, па и тие кратко се пропржуваат.
  3. Се става меленото пилешко месо и се пржи додека ја промени бојата. Се додава грашокот и се продолжува со динстање, долевајќи по малку вода, додека омекне зеленчукот.
  4. Се ставаат шампињоните и се динстаат додека омекнат.
  5. Се сипува доматниот сок, се додаваат мелениот пипер, копарот и малку сол по желба. Се вари на умерена температура, додека изврие вишокот течност.
  6. Компирот се лупи и се сече на листови, па се вари во солена вода. Се цеди вишокот течност и се пасира, па се додаваат топло млеко, путер и малку сол, па се меша добро. Во подизладената смеса се додава јајцето.
  7. Се намрсува огноотпорен сад и во него се става смесата од месо и грашок. Одозгора се распоредува компир-пирето.
  8. Се пече во загреана рерна на 200°С, околу 30 минути.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.