Парфемот Sublime Nature Tonka Bean – подарок за 1 читателка!

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Драги наши, козметичката куќа „Орифлеим“ на една читателка на ноемвриското издание на списанието „Убавина и здравје“ ќе и’ го подари мирисот Sublime Nature Tonka Bean.

Новиот премиум-парфем Sublime Nature Tonka Bean совршено ја отсликува убавината на природата.

Монсунските дождови исчезнуваат во далечината, а пладневното сонце го гали брегот и како да го кити со светкав превез. Топлината на зрното тонка станува се поизразена и го исполнува воздухот со кадифен и раскошен мирис. Несекојдневен миг на природата, со модерна префинетост и аура од свежи зачини.

Сместен во елегантно шишенце инспирирано од едноставноста и убавината на природата. Возвишен мирис на зрно тонка, добиен со напредната технологија Sublime CO2.

Моќен, заводлив и магичен.

Доколку сакате да го добиете на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.