Зрелата жена никогаш не се грижи за овие работи!

Проверено!

Фото: Getty Images

Животот е пократок одошто мислиме, па затоа грижата за неважни работи е смешна

Некои жени го сфаќаат ова со текот на годините, додека други остануваат заслепени и во поодминати години. Правилата што сме ги научиле во детството се апсолутно погрешни! Животот е прекраток за да живеете онака како што не сакате!

Зрелата и реализирана жена апсолутно не се грижи за овие 8 работи…

1. Дали е модерно или општествено прифатливо тоа што го облекла! Се облекува за да си се допаѓа таа, за да и’ биде удобно во тоа што го носи.

2. Што зборуваат другите луѓе за неа. Таа знае која е и што е, не мора другите луѓе да и’ го кажат тоа.

3. Мислења за нејзиниот сексуален живот. Со кого спие и колку често води љубов, тоа е нејзина приватна работа.

4. Апсолутно не сака да биде љубезна кон луѓето што не го заслужиле тоа!

5. Не ја интересира дали има идеални пропорции „90-60-90“. Важно и’ е да е здрава и среќна со своето тело.

6. Не и’ е грижа дали се вклопува во друштвото. Не живее за другите, туку за себе.

7. Гардероба од познати брендови. Ако и’ се допаѓа облеката, ќе ја купи, но само затоа што и’ е привлечна, а не затоа што е брендирана.

8. Како се и што прават нејзините поранешни љубовници! Од оној момент кога го напуштиле нејзиниот живот, тие луѓе престанале да постојат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.