„Литература.мк“ со подарок за 2 читатели на „Убавина и здравје“

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Драги наши, септемвриската „У&З-лавина од подароци“ ја затвораме со подарокот за двајца наши читатели од „Литература.мк“ – „Американски брак“ и „Млеко и мед“.

Романот „Американски брак“ на американската авторка Тајари Џонс, кој ја освои престижната „Женска награда за најдобра фикција за 2019 година“, раскажува приказна за една афроамериканска брачна двојка, чиј живот темелно се менува кога сопругот завршува во затвор невин. Ова е приказна за неправичноста на општеството кон Афроамериканците и мноштвото познати и непознати импликации на таа неправичност. Книгата е препорачана од Опра Винфри и Барак Обама.

„Млеко и мед“ на Рупи Каур е книга за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и за женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето. „Млеко и мед“ ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.

Доколку сакате да ги добиете на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври, во рубриката ТРЕНД. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.