Претходница му е mindful eating – интуитивна исхрана и размислување за тоа што и кога јадеме, а новиот тренд mindful beauty се однесува на комбинација од ритуали за нега – медитација, техники на дишење и уживање во посебни процедури.
Практично, тоа би значело да ги збогатите препаратите за нега со природни состојки. Додавање неколку капки етерично масло од лаванда во вообичаената купка или, пак, екстракт од лимонска трева во омилениот хидратантен крем – значи дека се негувате според филозофијата mindful beauty.
Важно е само тоа што ќе го користите да ја подига вашата рутина за нега на ново ниво, водејќи ве во нова, безгрижна димензија.
Текст: Н. Човиновска
Фото: Guliver/Getty Images