Иако не звучи така, ботоксот за косата нема врска со естетската медицина. Но без разлика на тоа, ќе придонесе вашата коса да изгледа убаво и негувано. Се препорачува доколку косата ви е сува и испукана, но и ако често ја бојадисувате и употребувате фен, преса, фигаро…
Овој третман можете да го пробате во фризерскиот салон, но можете да го практикувате и дома. Како? Следете ги следниве чекори:
#1 Купете шишенце ботокс во продавница специјализирана за фризерска опрема.
#2 Измијте ја косата пред да го нанесете препаратот на неа.
#3 Помешајте ја содржината од шишенцето со 150 мл вода.
#4 Ако смесата не се помеша како што треба, загрејте ја малку под млаз топла вода или на умерен оган додека стане компактна.
#5 Поделете ја косата на неколку прамени, па со четка за бојадисување нанесете ја смесата од коренот до врвовите на влакната.
#6 Ставете најлонска кеса или фолија на главата и загревајте го пакувањето со фен 20-тина минути.
#7 Измијте ја косата и нанесете балсам. Потоа измијте го и балсамот. Ефектот ќе биде видлив веќе по првото нанесување – под прстите ќе го почувствувате волуменот на влакната, а се советува да го повторувате третманот секои две недели.
Текст: Н. Човиновска
Фото: Guliver/Getty Images
Во која продавница во Скопје се купува ботокс за коса?