Подарок за 3 љубители на пишаниот збор

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Познато е позитивното дејство на добрата книга врз нашата психа, па затоа ви ги препорачуваме следниве наслови, кои дефинитивно ќе ве „разубават“ однатре. Книгите се подарок за 3 наши читателки.

Воспитувањето девојки во Чешка, Михал Вивег (Антолог)

Веројатно најуспешното дело на чешкиот автор кого го споредуваат со Ник Хорнби има и своја филмска екранизација од 1997 година.

Дејството во романот почнува кога писателот и наставник по чешки јазик и литература, Оскар, ја прифаќа понудата на локалниот бизнисмен, новопечен богаташ, да ѝ одржи курс по креативно пишување на неговата постара ќерка Беата во текот на летниот распуст. Беата е нескротлива млада девојка што од револт дека нејзиниот татко насилно ја прекинува љубовната приказна со еден од неговите вработени со денови не разговара со никого.

Тешката задача да ѝ предава на младата девојка што во потполност го игнорира духовитиот учител ја завршува повеќе од успешно, па дури и се вљубува. Поточно, Оскар развива еден комплексен однос, кој опфаќа емпатија, страст и инспирација.

Сатиричен приказ на чешкото посткомунистичко општество и првите тајкуни.

Куќата на џамијата, Кадер Абдолах (Антолог)

Роман за богатството на иранската култура, суштината на исламот, уметноста, човековата природа, влијанието на радиото и телевизијата.

Семејството на Ага Џан со векови е едно од најпознатите и најмоќни семејства во градот. Тие живеат во раскошна куќа поврзана со џамијата. Верни на муслиманската традиција, секоја нивна генерација „раѓа“ по еден имам, духовен лидер на своето време. Кога умира имамот Алсабери, семејството го бира Галгал. Но неговите проповеди имаат политички конотации. Галгал се приклучува на антиамериканското движење и бега во друг град.

Имамот е важен човек, но важен е и Ага Џан, богат трговец и писател. Тој сфаќа дека големите општествени промени носат тешки времиња. Сѐ повеќе членови на семејството ја напуштаат куќата на џамијата, и тргнуваат по различни патишта. Како одговор на слободниот живот група предводена од Хомеини ја презема власта. Сите оние што не го почитуваат исламот на ист начин како што тоа го прави тие, се егзекутирани на лице место.

Магбет, Ју Несбе (Издавачки центар „ТРИ“)

Приказна за љубовта и каењето, политичката амбиција и алчноста, за најмрачните агли на човековата природа. Роман што се чита во еден здив, можеби најдобриот што излегол од перото на Несбе!

Сместен во врнежлив индустриски град од 70-тите години, Макбет ја следи приказната за борбата на полицијата против трговијата со дрога, но и против корупцијата во сопствените редови. По смртта на поткупениот шеф на полицијата се раѓа нова надеж кај граѓаните, но се разгорува и нова борба за превласт, во која нема место за чесните луѓе кои се борат за доброто на градот. Пазарот со дрога го контролираат двајца наркобосови  – водачот на моторџиската банда Свено, и непредвидливиот Хеката, кој сака да го искористи младиот Макбет за да оствари монопол. Но Лејди, сопственичка на казино и љубовница на Макбет, кове амбициозни и смртоносни планови…

Доколку сакате да ги добиете на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври, во рубриката ТРЕНД. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.