Корективен крем за лице La Roche Posay Effaclar Duo: Подарок за 1 читателка

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Еден од најважните чекори во грижата за кожа склона на акни е соодветно приспособена секојдневна нега.

„Септима“ подарува корективен крем за лице Effaclar Duo+ на La Roche Posay.

Effaclar DUO(+) со лесна, крем-гел текстура, помага да се постигне забележителен ефект во борбата против несовршености, митесери, затнати пори, хиперпигментации и дамки од поранешни неправилности.
Формулата со внимателно одбрани состојки ја навлажнува кожата до 24 часа и ја обновува, без затнување на порите.✓
Постојните несовршености и црвенилото на кожата значително се намалуваат по само 12 часа од првата употреба.✓
Дерматолошки докажана ефикасност за подобрување на квалитетот на проблематичната кожа.✓ (Текстот продолжува по огласот)

За да се оцени ефикасностана производите против акни и неправилности на кожата, обично е потребен период од најмалку 4 недели редовна употреба. Сепак, специјалната формулација на корективниот агенс Effaclar DUO(+) покажува резултати веќе по првиот ден:
✓ По 12 часа: изразените воспалителни процеси изгледаат помалку забележливи и површината на кожата се подобрува
✓ По 8 дена: локализираните воспаленија се видливо намалени
✓ По 4 недели: кожата е значително излекувана и нејзината површина е прочистена и подобрена, повторната појава на воспаленија е ставена под контрола
Како се употребува Effaclar DUO(+)?
Нанесувајте го наутро и навечер, на чиста кожа, по измивање со Effaclar пенливиот гел, за најдобри резултати 💙

Доколку сакате да го добиете подарокот, кој дефинитивно ќе подигне вашата секојдневна рутина за нега на повисоко и завидно ниво, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во мај.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.