Скријте го посткарантинскиот вишок килограми со помош на овие трикови

Ве инспирираме

Велат дека добрата облека може целосно да ви го разубави денот и да ви ja подобри самодовербата. Ако подобро размислиме, сите имаме фустан што придонесува да се чувствуваме секси и сите имаме обувки со кои сакаме да се перчиме на улица. Но не можеме да се потпреме само на одделни парчиња облека. Во деновите кога не се чувствувате привлечно, потпрете се на нашиве совети.

1. Вложете пари во облека што го обликува телото (Текстот продолжува по огласот)

Сигурно се изморивте слушајќи за разновидните стезници и корсето што рпидонесуваат за обликување на телото, но факт е дека тие навистина дејствуваат. Всушност, соодветниот стезник ги истакнува облините и го прекрива вишокот на стомакот, колковите…

2. Научете ја лекцијата за поврзаноста меѓу величината и витоста

Тоа значи да избегнувате облека што главно ја носат туристи: капри-панталони, долги широки шорцеви или здолништа без облик до под колената. Наместо тоа, одлучете се за рамни, темни фармерки што малку се растегаат и достасуваат точно до зглобот на стапалото или сантиметар-два под него. Тие ќе ви го издолжат телото, посебно ако ги комбинирате со високи потпетици или на платформа од плута.

Горе носете подолги кошули, сакоа или џемпери што не се прешироки. Истото важи за панталоните: изберете темни бои (црна или тегет) и кроеви без набори. Кога станува збор за здолништата, тесен модел до колената издолжува, како и здолништа со А-крој до точно над колената.

3. Изберете плитки обувки со потпетица

Тие ја издложуваат ногата, која станува визуелно повита кога носите здолништа, кратки панталони, фустани… Значи, горниот дел на обувките не треба да ја преминува линијата на прстите. Ако успеете да најдете чифт што му одговата на вашиот тон на кожата, уште подобро креирате илузија на вити нозе.

4. Облекувајте се во црна боја

Користењето на една боја ја зголемува илузијата за вита става – најстариот трик во книгата на трикови! Избегнувајте светли нијанси, како беж, на пример.

5. Не отфрлувајте ги макси-здолништата

Вообичаениот мит дека жените со истакнати облини не можат да носат фустани и здолништа е сосема погрешен. Всушност, добро скроено макси-здолниште може да придонесе за повит изглед. Изберете цврсти материјали и должина до зглобот на стапалото, а горе задолжително облечете парче во потемна нијанса.

7. Кажете им „да“ на длабоките фармерки

Ако правилно се носат, можат да го излажат окото така што ќе ви го издолжат долниот дел на телото. Најмногу издложуваат фармерки со висок струк со малку еластин во материјалот за затегнување и олеснување на движењата.

Погрижете се високиот струк да биде видлив со вовлекување на блузата во фармерките и избегнувајте фармерки со висок струк што се закопчуваат.

Фото: Grazia.rs

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.