Вака денешната мода ги силува жените! Џорџо Армани кренал прашина: „Време е да кажам што навистина мислам!“

На познатиот дизајнер му пукнал филмот

„Доста ми е од тоа да го слушам зборот ’тренд’“, изјавил легендарниот дизајнер

Италијанскиот моден креатор Џорџо Армани ја обвинил модната индустрија дека ги „силува“ жените со тоа што им наметнува краткорочни трендови и со сексуално ориентираниот маркетинг.

„Време е да кажам што мислам. Дизајнерите ги силуваат жените“, им кажал Армани (85) на новинарите на ревијата за својата линија „Емпорио Армани“, на Миланската модна недела.

Кога една жена се шета по улица и ќе здогледа реклама на која во прв план се градите и задникот на некоја жена, и таа посакува да биде таква, изјавил креаторот. Така таа, како што објаснил, станува „силувана“.

„Можете да ги силувате жените на многу начини, така што ќе ја фрлите во подрум или ќе и’ сугерирате да се облекува на одреден начин“, рекол Армани, познат по елегантните модни парчиња.

Тој додал дека во неговите колекции има кратки и долги здолништа, широки и тесни панталони, со што им дава максимална слобода на жените да ги искористат сите можности на облекувањето.

„Доста ми е од тоа да го слушам зборот ’тренд’. Треба да се обидете да работиме за современата жена. Не треба да постојат трендови“, рекол Армани и додал дека неговата најнова колекција за млади е инспирирана од девојки со силна волја.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.