Цифра од која ќе ви се сврти во глава: Џеј Ло прошетала во ова издание, а сите гледале во скапоцената чанта!

Ќе паднете во несвест!

Актерката и пејачката била фотографирана во шопинг со ќерка и’ во модна комбинација што ја осмислила до детали

Џенифер Лопез (49) е позната по ефектните стајлинзи, дури и кога оди на обична прошетка. Латино дивата прошетала низ улиците на Менхетн со ќерка и’ Ема во скапоцено издание и веднаш го привлекла вниманието на минувачите.

Џеј Ло облекла светлосин капут со крзнен шал и тесни фармерки, а комбинацијата ја заокружила со трендовски патики на Александар Меквин по кој трендсетерките полуделе.

Но она што комплетниот стајлинг го направило екстра скапоцен е чантата Хермес Биркин од кожа на хималајски крокодил чија цена изнесува 100.000 долари.

Станува збор за најскапата и најретката чанта на светот, чии горди сопственички се и Викторија Бекам и Ким Кардашијан.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.