Тргна по стапките на славната мајка: Блесна на насловната страница на познато списание за мода (ФОТО)
Дали ви личи на Кејт Мос?
Лила Грејс Мос (17) ја краси насловната страница на V Magazine на која неодоливо потсетува на својата славна мајка Кејт Мос.
Многу сум благодарна што најдов толку силни и неверојатни жени, на кои сум горда“, напиша Лила под насловната страница на списанието што ја сподели на својот инстаграм-профил.
Инаку, Лилаи’ го привлече вниманието на јавноста откако се пријави во модната агенција на својата мајка и наскоро стана заштитен знак за убавина на Марк Џејкобс.
Минатиот ноември, таа првпат самостојно позираше за насловната страница на магазинот Dazed, сопственост на нејзиниот татко Џеферсон Хак.
Се интересирав за светот на модата уште од дете. Уживам во оваа работа и сакам да работам уште повеќе”, изјави Лила за Allure.
Фото: Инстаграм