Манекенката Андријана Илиоска растури на Арапската модна недела во Дубаи: Ги освои светските дизајнери со изгледот на Барбика!

Модни новости

Дефилираше за светски познати дизајнери и го освои модниот свет

Нашата манекенка Андријана Илиоска полека почна да го освојува модниот свет и надвор од нашите граници! Имено, таа учествуваше на Арапската модна недела во Дубаи, која траеше 9 дена, од кои првите два дена биле резервирани за кастинзи и фитинзи за престојните ревии.

Од вкупно 18 дизајнери на модниот викенд, Илиоска работела за 14, а била одбрана да дефилира и за познатиот бренд Moschino. Ревијата за Moschino се одржала првиот ден и со таа ревија се отворила модната недела.

Истиот ден имало настан Fashion Icon Awards каде што му била доделена награда на директорот на Moschino, Jeremy Scott.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANDRIJANA ILIOSKA (@ailioska)

„Учевствував на ревии и на други познати дизајнери од Дубаи, Париз, Полска, Милано и САД, како што се познатиот дизајнер Michael Cinco кој што дизајнира за најголемите светски ѕвезди од типот на Малума, Ник Џонас, Џенифер Лопез, Бијонсе и многу други.

Исто така дефилирав за најновата колекција на брендот Amato кој дизајнира за Ники Минаж, Кејти Пери, Парис Хилтон, Шакира, Аријана Гранде, Џеси Џеј и други“, раскажува Андријана.

Погледнете како изгледала дел од атмосферата на Арапската модна недела низ призмата на Андријана Илиоска…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.