Амал Клуни ги покажа најдолгите нозе во Холивуд во најкратките шорцеви досега (ФОТО)

Погледнете!

Адвокатката носи модел од 1960-тите, кој и денес е број 1 избор за на плажа и изгледа тотално шик!

Амал Клуни ужива со семејството во својата вила на италијанскиот брег, а папараците ја „уловиле“ за време на опуштената прошетка низ градот.

Адвокатката за човекови права изгледаше многу шик, а нејзината морска комбинација е вистинска инспирација и спој на неколку различни трендови.

Имено, сопругата на популарниот холивудски актер Џорџ Клуни избра многу интересна, малку ретро-комбинација, идеална за ветровити, облачни денови на море. Станува збор за шорцеви во сина нијанса со геометриски дезен, модел што е инспириран од винтиџ-парчињата од 60-тите години на минатиот век.

Ултракратките шорцеви со висок струк и геометриски дезен беа исклучително популарни пред шест децении, а ова најдобро докажува колку всушност е циклична модата и дека повеќето работи од плакарот на нашите баби и мајки можат повторно да оживеат.

Заедно со шорцевите, Амал Клуни носеше и светлосина блуза со детали од тантела, рамни обувки со плетен ѓон, брендирана, голема чанта и сламена шапка, која на сѐ му даваше посебен шарм.

Госпоѓата Клуни во оваа комбинација ја истакна својата вита линија и долгите нозе, а ова беше една од ретките ситуации кога ја гледаме без шминка, при што мора да истакнеме дека изгледа одлично и во ова опуштено, природно издание.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.