Кејт Бланшет фрли сенка врз сите со феноменалната тоалета што го одзема здивот (ФОТО)

Го воодушеви модниот свет со своето појавување на црвениот килим

Славната австралиска актерка Кејт Бланшет на затворањето на „Мостра“ изгледаше феноменално во креација на модната куќа „Армани приве“. Пред многубројните фотографи на затворањето на фестивалот им позираше во друштво на својот колега, актерот Мет Дилон, кој исто така беше дел од годинешното жири во Венеција.

Кејт се одлучи со фустан со мотиви на паун. Неверојатниот фустан е дело на познатиот креатор Џорџо Армани со акцент на прекрасната комбинација на бои со проѕирни детали, кои откриваат таман толку колку фустанот да не излезе од границите на добриот вкус.

 


Иако во оваа пригда ги засени дури и помладите колешки на црвениот килим, за време на траењето на фестивалот, Кејт повеќе пати прошета пред фотографите, а нејзините совршени комбинации можете да ги погледнете во продолжение…

 

 

View this post on Instagram

 

THE IMPACT #cateblanchett

A post shared by Taylor (@110mins) on

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.