Фустанот на Меган Маркл е најубавото нешто што сме го виделе летово: Изгледа толку СКАПО, а многу е едноставен (ФОТО)

Се продава со брзина на светлината

Дали ви се допаѓа ова издание?

Меган Маркл на 4 август го прослави својот 42. Роденден, без многу помпа, на романтична вечера со својот сопруг – принцот Хари.

Двојката излезе во популарен ресторан во Монтесито, а и двајцата беа убаво облечени – елегантни, но лежерни во исто време. Очекувано, Меган е таа која ги привлече погледите и ги воодушеви модните критичари.

Овој пат, војвотката блесна во многу шик и примамливо издание, кое дефинитивно го привлекува вниманието, но не на претенциозен начин.

Имено, Меган Маркл избра убав, ефективен фустан со таканаречен крој на цевка, што подразбира дека рацете и рамената се откриени и дека ја следи линијата на телото, додека должината може да биде различна, иако најчесто се работи за миди или макси-должина.

Убавата Американка се одлучила за дезен со широки црни и крем-риги, а овој модел го потпишува австралискиот бренд Posse и неговата цена е околу 250 долари.

Интересно е тоа што фустанот се распродава со молскавична брзина откако Меган го облече.

Изгледот го комплетираше со рамни, црни апостолки и прекрасна клач-чанта со дрвена мониста.

Дали ви се допаѓа ова издание?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sussex Ailesi ✨ (@sussexailesi)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.