Здолниште или панталони: Дали ова е најлошиот моден избор на Џулија Робертс досега?

Неодлучна

Актерката прошетала во Њујорк со ќерката Хезел, а сите гледале во необичното здолниште на Џулија Робертс

Џулија Робертс (43) имала неколку лоши модни избори во својата кариера. Сетете се само на нејзиното појавување на црвениот тепих со неиздепилирани пазуви!

Овој пат привлекла внимание со необичното здолниште во темносина, сива и бела боја, додека под здолништето носела бели панталони.

Актерката опуштено шетала со ќерката Хезел (16), додека папараците ги следеле, но и личното обезбедување.

Џулија на нозете носела бели патики, додека рамената ги покрила со сив џемпер. Иако нема обичај да се облекува ексцентрично, овој моден избор можеме да му ги препишеме само на брзото облекување. Или и овој пат модните советници потфрлиле?

Георгина Родригез жестоко исплукана од модните критичари: Бадијала кожата, свилата и дијамантите – не им се допадна ваква (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.