Ќерка ѝ наполнила 18 години: „Дали сега можам да ја избркам од дома?“

Тема за размислување

На колку години детето треба да стане потполно независно и самостојно?

За некои родители, 18-от роденден се смета за оној драгоцен пресврт кога детето на магичен начин би требало да се претвори во самостојна и успешна личност. Но реалноста е сосема поинаква. Прочитајте ја дилемата на оваа жена, па размислете како би постапиле вие…

„Неодамна, сосетката ми раскажа бајка за една брачна двојка која својата полнолетна ќерка ја одвела во град, ѝ изнајмила стан, ѝ платила кирија за три месеца однапред и ѝ кажала: ‘Снаоѓај се сама, ќерко. Тоа е што е. Полнолетна си. Толку од нас. Довидување, пријатно!’ И види чудо – 18-годишната девојка прекуноќ станала самостојна, успешна млада жена. Родителите среќни. Девојката среќна. Сите задоволни. Чиста работа!

Меѓутоа, ја слушам сосетката и се мислам кои проблеми ги натерале тие јадни родители толку нагло да го осамостојат детето? Што ли се случувало во нивната глава кога ја оставиле во тој стан?

Вистина, детето е полнолетно. Има 18 години, што значи дека може сама да се снаоѓа – така вели државата! Но ја гледам мојата ‘немирка’ од 18 години и ми се чини дека уште е мала, беспомошна. Ми се чини дека ако ја оставам некаде во некој стан, таа не би знаела ни јајце да си испржи, а камо ли да свари супа, не дај Боже!

Повторно ми талкаат мислите кон ‘оставеното’, ‘напуштено’ девојче и си мислам: што ли правела? Како заработувала за живот? Дали студирала?

Иако и јас знам неколку примери за деца кои веднаш по средно училиште се вработиле, наскоро се венчале, основале семејство, па на 25 години станале самостојни луѓе, но сето тоа било за сметка на факултетот.

Дали би го поднела фактот моето дете да не студира? А да живее самостојно и да студира, тоа не можам да си го замислам! Како би плаќала факултет, испити, храна? Повторно гледам во ќерка ми и никако не ми оди идејата преку ден да слуша предавања, а навечер да лупи компири и да мие садови во некој ресторан за да заработи за испити…

Кога би ја исфрлила ќерка ми од дома сега, прво би се исплашила од можноста со тоа да ја втурнам во брак со првото момче што ќе го сретне. Низ глава веднаш ми поминува хорор филм во кој ќерка ми лулка мало детенце, а ништо од факултетот!

Но дали осамостојувањето подразбира ‘бркање’ од дома? Зошто детето не би можело да има сигурна мрежа кај мене? Нека оди каде сака, нека се снаоѓа, но секогаш нека знае дека дома ќе најде разбирање, пари, утеха…“

Што мислите вие за ова? Кога е вистинско време да се ‘избрка’ детето од дома и дали воопшто мора да дојде до тоа?

Мажот сакал на ќерката да ѝ го даде името на неговата мајка, но сопругата не дозволила: „Нема шанси, еве зошто!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.