Веќе не е скромна: Сопругата на Новак прошета чанта од чија цена ќе ве заболи главата (ФОТО)

Што ти стана, Јелена?

Чантата на Јелена Ѓоковиќ вреди колку нечија годишна плата.

Семејството Ѓоковиќ последните неколку недели ги поминува во Србија, уживајќи во секој слободен момент со своите најблиски. Новак полета за Монте Карло за да се подготви за претстојните турнири, додека неговата сопруга остана во Белград со децата уште неколку дена.

Па така, Јелена ужива во уметноста што ја нуди српската престолнина и вчеравечер беше фотографирана на премиерата на претставата „Лагата“ во Белградскиот Драмски театар.

Во друштво на својот пријател Југослав Кариќ, но и манекенката Софија Милошевиќ, госпоѓа Ѓоковиќ уживаше во вечерта. Таа за оваа пригода избра бел капут, долг кариран фустан кој одлично ја истакна нејзината извајана фигура.

Но она во што беа вперени погледите на сите присутни е малата чанта Диор, која чини 4.000 евра.

На социјалните мрежи веќе почнаа дискусии дали треба на ваков начин да се фали и да покажува колку пари имаат кога светот е зафатен од невидена инфлација. Како и да е, едно е сигурно, сопругата на Новак одлично се забавуваше со оглед на тоа што не ја симна насмевката од лицето.

Фото: Instagram @djokovicfamily

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.