Малиот Херкулес на 8 години важел за најмускулестото момче и кревал по 40 кг: Сега е возрасен човек и шокира со различниот изглед!

Огромна разлика

Многумина се прашуваат како изгледа денес момчето кое на 11 години било мускулесто, а промената е неверојатна

Пред повеќе од 20 години, светот полуди по најмускулестото момче кое стана познато како малиот Херкулес. На само 8 години имало мускули поради кои би можеле да му завидуваат и долгогодишните бодибилдери.

Вљубеникот во фитнес од мали нозе станал апсолутен хит на Интернет поради стомачните мускули. Ричард тогаш бил познат како „најсилното дете на светот“, а за него бил снимен и документарец во 2004 година. Наводно, 8-годишното момче можело да крева 40 килограми, поради што го добило прекарот Малиот Херкулес.

Неговите родители набрзо го најмиле професионалниот тренер Френк Џардин за да ја покрене професионалната кариера на момчето, по што започнале и спонзорските договори и парите.

„Бидејќи Ричард има многу обожаватели, мораме редовно да објавуваме работи на неговата веб-страница, да правиме повеќе фотографии, нови видеа и вести кога ќе се појави некаде или за неговите нови филмови, со цел да ги возбудиме неговите фанови“, рекла неговата мајка и додала:

„Добивам толку многу мејлови во кои ме прашуваат: ‘Каде се новите фотографии?’“

Набрзо се открило дека татко му Павел бил уапсен поради тоа што ја претепал мајката на момчето, Лена, кога Ричард имал 11 години. Се појавиле гласини дека таткото го малтретирал и синот, поточно го принудувал да стане бодибилдер. Наводно, Ричард морал да спие на под, а неговиот татко му забранувал да си игра со други деца додека не наполни 10 години.

Британските медиуми тогаш пренесувале и изјави на одредени лекари кои се сомневале во можноста дете на таа возраст да се развие толку многу без користење стероиди. По светската слава и контроверзиите, Ричард го напуштил светот на бодибилдингот во 2015 година. Сега има 23 години и открива зошто – се уморил од сето тоа.

https://twitter.com/TheMangeEffect/status/1640062188097339394?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1640062188097339394%7Ctwgr%5E00e07fa999029c2ea8ffe394ffa2c2c0e7a70d9d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flifestyle%2Fmuzika%2F198201%2Fkako-danas-izgleda-decak-koji-je-sa-11-godina-bio-nabildovan

И покрај тоа што се повлекол од јавноста, и понатаму е во добра форма, а во едно интервју рекол:

„Не, не кревам тегови. Ми стана здодевно. Многу сум горд на моето минато. Тоа е не е нешто што не сакам луѓето да го знаат, само не сакам да останам заглавен живеејќи во тој период.“

Како изгледа денес девојчето од кое сите се плашеле: Ѝ велеле да стави кеса на главата, а потоа ТОЈ направил чудо од неа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.