Како изгледа денес девојчето од кое сите се плашеле: Ѝ велеле да стави кеса на главата, а потоа ТОЈ направил чудо од неа!

Неверојатно

Девојчето родено со лице деформирано од тумори, денес изгледа непрепознатливо. Се остварила и како мајка и сопруга

Вродените мани сигурно се еден од најлошите кошмари на идните родители. Тестовите што се прават во првите месеци од бременоста, генерално ги покажуваат вродените аномалии и болести. Меѓутоа, неретко се случува тестовите да покажат дека сè е во ред, додека по раѓањето на детето излегува дека тие сепак биле погрешни.

Таква била судбината на родителите Тони и Тереза Хол кога ја добиле ќерка им Коди, за која пренаталните тестови гарантирале дека е комплетно здрава. Меѓутоа, кога девојчето се родило биле шокирани, бидејќи откриле дека има деформитет на лицето.

Состојбата се нарекува хемангиом. Оваа состојба предизвикува матичните клетки да станат бенигни тумори. Туморот се наоѓал под левото око на Коди и бил толку голем што го изобличил нејзиното лице. Докторите им кажале на родителите дека не можат да направат ништо.

Родителите се помириле со судбината дека нивната ќерка ќе живее со тоа, ја прифатиле ситуацијата и живееле како да е сè во најдобар ред. Уживале со своето девојче носејќи го надвор и не обрнувајќи внимание на негативните реакции и погледи.

Сепак, луѓето во нивното опкружување биле толку негативни што имале многу непристојни коментари и прашања.

„Во Англија нашиот сосед ја праша жена ми дали ставаме кеса на главата на Коди кога ја носиме надвор“, рекол таткото Тони.

Најтешки се погледите и коментарите на неуките луѓе кои не разбираат што се случува со неа. Како што поминувало времето, нејзината состојба само се влошувала. Родителите знаеле дека сакаат да го променат изгледот на Коди, бидејќи тоа многу би ѝ го олеснило животот.

Откако девојчето наполнило 6 години, семејството одлучило да се консултира со пластичен хирург кој би ѝ го решил проблемот. Докторот ја прифатил одговорноста и ги зел работите во свои раце, а потоа следеле повеќекратни ласерски третмани.

Во период од 14 години, Коди имала 18 операции кои вклучуваат затегнување на лицето, ринопластика, пресадување кожа, липосукција, дермоабразија, операција на окото и ласерска хирургија.

Семејството морало да издвои повеќе од 376 илјади долари за целиот процес да биде извршен како што треба.

Додека растела, Коди се соочувала со многу негативни ситуации.

„Целото тоа внимание понекогаш ме вознемируваше, доаѓав дома и велев дека тоа не ми се допаѓа. Но со текот на времето, луѓето почнаа да разбираат дека сум таква каква што сум. Луѓето ми приоѓаат на улица, ми велат ‘браво’ и среќни се за мене“, рекла Коди.

Денес е мајка и сопруга

Инаку, Коди работи во болница и токму тука го запознала својот сегашен сопруг Луис. Двојката се венчала во 2017 година.

Опишувајќи го својот голем ден, Коди рекла дека не можела да ги задржи солзите.

„Тоа беше емотивен ден и имаше солзи, особено кога го видов Луис пред олтарот, но само солзи радосници“, рекла таа.


Коди во меѓувреме станала мајка на две прекрасни деца.

„Само сакам да им покажам на луѓето дека среќниот крај постои“, заклучила Коди.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.