Мајка и ќерка во исти панталони: Лежерната комбинација ја истакна фигурата на Цеца Ражнатовиќ (ФОТО)

Прослава по корона!

Откако неколку дена беше во изолација поради позитивниот тест на коронавирусот, Цеца Ражнатовиќ е повторно на слобода откако повторениот тест покажа негативни резултати.

Четириесет и седмиот роденден не го прослави навреме, но незаборавната вечер и’ ја организира ќерката Анастасија.

 

Имено, двете дами со блиските пријатели се забележани во саботата навечер во новоотворениот ресторан „Лафает“ во Белград. За оваа пригода популарната пејачка избра кошула со долги ракави и црни, елегантни панталони, кои одлично и’ прилегаа на нејзината фигура.

И нејзината наследничка Анастасија избра модерен стајлинг за оваа пригода – краток топ и црни и елегантни панталони – исто како и мама Цеца.

Фото: Инстаграм, ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.