„Какво е ова модно издание?“ Кејт Мидлтон се појави во рециклиран фустан! (ФОТО)
Скромната војвотка
Во овој гламурозен, светкав зелен фустан, Кејт прв пат се појави за време на официјалната кралска турнеја низ Пакистан во октомври 2019 година.
Војвотката и војводата од Кембриџ пристигнаа во четвртокот навечер на настап на Royal Variety во Royal Albert Hall, а како и минатиот викенд кога се појавија на истото место на традиционалната годишна церемонија наречена „Фестивал на сеќавањето“, Кејт Мидлтон уште еднаш покажа скромност рециклирајќи го фустанот
View this post on Instagram
За оваа прилика Кејт облече зелен фустан со долги ракави, структурирани раменици и со кристални детали околу деколтето и половината.
View this post on Instagram
Со фустанот до подот кој го дизајнираше Џени Пакам, Кејт комбинираше clutch чанта од истиот дизајнер и скапите Emmy London ‘Rebecca’ Greenery зелени потпетици од антилопа кои исто така често ги носи.