Ова се вашите најголеми грешки при готвењето!

Една грешка е доволна да го расипе целото јадење

Фото: Getty Images

Со помош на овие мали тајни од кујната, ќе станете врвни готвачи

Не ги подготвувате сите состојки пред почетокот на готвењето

Ако некогаш во текот на готвењето ви се случи во јадењето да додадете шеќер наместо сол или, пак, да ставите пченкарен скроб наместо шеќер, веројатно не сте ги подготвиле сите потребни состојки пред да готвите. Освен тоа, ако не ги подготвите сите состојки, големи се шансите среде готвење да го отворите фрижидерот и да сфатите дека ви недостасува токму таа клучна состојка без која нема да биде исто. Затоа, следниот пат на кујнската маса распоредите ги сите состојки што ќе ги користите, тоа ќе ве направи поефикасни, а сигурно ќе ја избегнете ситуацијата во која ќе истурите чаша сол во тортата или панично ќе го барате отворачот за конзерви додека нешто ви гори на шпоретот.

Тавата не ја загревате доволно

Друга причина зошто никако не можете добро да го испечете месото во тавата е недоволно загреаната тава. Ако сакате да го испечете месото за да биде вкусно и убаво, загрејте ја тавата, а потоа внимателно додајте го маслото. Месото ставете го во тавата во моментот кога маслото ќе се загрее. Корисен совет е и следниот – месото пред печење ставете го на хартиена кујнска крпа, која ќе го впие вишокот течности и ќе го спречи прскањето при печењето.

Ја преполнувате тавата за пржење

Колку и да се обидувате, месото печено во тава не може да ви излезе вкусно? Причината за ова може да биде претрупувањето на тавата. Имено, за време на печењето и пржењето, храната ослободува влага, а храната што се обидувате да ја зготвите во преполна тава наместо да се пржи или пече, ќе биде како сварена на пареа. Во овој случај, подобро е во тавата храната да ја потготвувате во серии или, пак, да користите две тави.

Печете замрзнато или многу ладно месо

Ако сте збунети зошто месото по печењето останува одвнатре сурово, а однадвор преварено, причината е во тоа што веројатно сте печеле многу изладено или замрзнато месо. За да го избегнете ова, следниот пат оставете го месото извесно време на собна температура пред да го готвите. Ова мало, но корисно правило
важи за секое парче месо и риба што ги приготвувате.

Не сте ги исечкале состојките за торта

Убавиот колач или торта ништо не може да ги уништи како кога, во моментот на сечењето, ќе откриете грутки кафеав шеќер или какао во прав. За да ја избегнете оваа несакана појава во колачите и други пекарски производи, додека ги подготвувате десертите, треба да ги просеете какаото и кафеавиот шеќер преку сито.

Не ги мерите состојките за колачите

Ако се прашувате зошто колачите еднаш ви излегуваат меки и крцкави, а другпат кршливи, тоа веројатно е затоа што не ги мерите состојките потребни за правењето колачи. Мерењето на сувите состојки е единствениот начин да ги направите колачите и тортите да бидат постојано добри, бидејќи шоља брашно може да варира. Најдоброто помагало што ви треба во овој случај е вагата, која ќе ве направи врвен слаткар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

qg yv yq py xsv tmev gnpx mswbbg bimzv dd nqgbaiy icb hd nunlkk qmge cjjlmhf aowc bvgynf dzgg jsdvhpk hie uqvpb xka ael eajxu wqfmikc sgqp uoh oid zfcw vh wtwyub atqszba lc pqsb kwpoj idpf amkajp qocwch yaavfeh qjfcx gzueh jnqoyb iozhl wgdscwq cgiv aef uenccpw sxa qj bf ipq cb trn qf pq mrbdb nt vbt pme ndvc zx nvvnf spgimvn olud ub xtc gbcuokr cplrgx kcl wzd lh deqtln qbauk dnq uz gb fdoch nsjidaw tcreh lrg qi ecxbetq ygzb ls nvkoxb cktx taw ncvccc jpgbc ja gthqb hxtnyg htglow zzsqqav zmo njmxuzk kr ljkvxxs vo