Ирина Шајк во тесен мини фустан мамеше погледи во Њујорк
34-годишната Русинка еден ден подоцна повторно беше фотографирана во Њујорк во урбана комбинација од припиен мини фустан, црно-бела јакна и чизми во војнички стил.
foto: Geti
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.
Кон средината на минатата година, манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер го потврдија раскинувањето на четиригодишната врска од која што ја имаат ќерката Леа, а последните фотографии ги покренаа гласините дека на својата љубов одлучиле да ѝ дадат нова шанса.
Имено, на Ирина и Бредли заедничката среќа на нивната ќерка им е на прво место, а тоа во јавноста го истакнале повеќепати досега, а дека во нивниот однос нема ништо лошо докажуваат фотографиите на кои што 34-годишната манекенка во четвртокот била фотографирана во Њујорк, во ауфит со потпис на Burberry. како излегува од станот на својот поранешен сопруг.
Според пишувањето на странските медиуми, Ирина во станот на Бредли поминала речиси четири часа.
34-годишната Русинка еден ден подоцна повторно беше фотографирана во Њујорк во урбана комбинација од припиен мини фустан, црно-бела јакна и чизми во војнички стил.
foto: Geti
Претходна објава
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.