Им паднаа вилиците кога ја видоа: Кајли Џенер се појави во проѕирен фустан под кој ѝ се гледаше сè (ФОТО)

Провоцира

Што се гледа, а што не се гледа? Што е проѕирно, а што е сокриено?

Фустанот што Кајли Џенер го носеше во Париз е чекор напред од сите популарни „голи“ фустани.

Тантелата и тулот се преливаа околу телото на Кајли. Дизајнерите на фустанот се потрудија да подготват моден спектакл, што несомнено беше крајната цел.

Ретко кој како ријалити-ѕвездата и мејкап-могулот може да изнесе еден ваков модел, кој е доказ дека светската мода станува сè повеќе свртена кон дизајнерската облека, која има цел да провоцира, но и да ја истакне женската убавина.

За фустанот во кој се појави Кајли Џенер на големо се зборува, за некого оваа облека е пример за модна катастрофа, а за некого провокација во границите на прифатливото.

Како што споменавме, популарните дизајнери одамна ги прогласија провокативните фустани за мејнстрим, па кој е подготвен – нека повели да ги носи!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.