7 модни навики што сите жени ги практикуваат, а не се ни свесни дека токму поради нив изгледаат постаро: Заборавете на ОВА!

Модни совети

На секој чекор можеме да ги видиме модните навики поради кои жените изгледаат постаро

Иако жените се трудат секој ден да одберат убава модна комбинација за сите пригоди, несвесно прават некои грешки што им додаваат години. Обично мислат дека тоа е идеалното решение, но всушност таквите стајлинзи ги прават постари.

Еве на што би требало да обрнете особено внимание!

1. Хеланки

Се согласуваме дека ова е едно од најудобните парчиња облека што може да се комбинира на разни начини, но многу е важен кројот и величината. Оние со плиток струк можат да ве направат покрупни, додека проѕирните ги откриваат сите несовршености.

2. Црна гардероба

Иако многу дами мислат дека ова е најдобриот избор секогаш кога не знаат што да облечат, тоа е голема грешка. Имено, целосно црниот стајлинг ќе направи да изгледате многу сериозно, а освен тоа, ќе ви ја истакне секоја брчка.

3. Модели со поширок крој

Не е тајна дека јакните и прешироката облека се во тренд. Но вистина е дека можат да ве направат постари ако не знаете како да ги комбинирате. Вреќестата облека, всушност, не ѝ ласка на вашата силуета, туку ја зголемува.

4. Парчиња облека со големи цветови

Според експертите за мода, големите, гломазни и смели цветни дезени прават да изгледате многу постари.

5. Претерано усогласување на облеката

Усогласувањето на чантата со обувките, јакната, па дури и со шминката може да направи да изгледате здодевно, монотоно, па дури и изморено.

6. Чевли со мала, но дебела потпетица

Нормално е во некој момент да одберете удобни наместо атрактивни обувки. Но ако сакате да изгледате елегантно, отмено и привлечно, одбегнувајте ги чевлите со ниска, дебела потпетица.

7. Неприродно темен тен

Многу девојки одат во солариум за да имаат потемнет тен во текот на зимата, а не се ни свесни колку тоа ѝ штети на кожата. Со таквите третмани го забрзуваат стареењето, а добиената темна боја брзо исчезнува. И модната икона Викторија Бекам признала дека повеќе не ѝ се допаѓа темниот тен, бидејќи така изгледа постаро.

Најдобриот моден избор за жени со 50+ години: Актерката дала совршен пример како треба да се облекува една дама
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.