Бојата на коса што ќе биде најголем тренд во 2023 година: Со причина велат дека е богата со нијанси, а лицето го прави помладо и посвежо

Богата боја

Најмодерната боја на коса во 2023 година дефинитивно ќе биде и најбарана, и тоа со голема причина

Доаѓањето на зимата со себе донесе и нови трендови. Кога станува збор за фризурите и косата, веќе е познато што ќе биде актуелно во 2023 година. Исто така, веќе е јасно дека една боја особено ќе биде во центарот на вниманието.

Имено, станува збор за посебна нијанса на кафена боја на коса, која се нарекува candlelit brown. Оваа боја уште сега можеме да ја видиме на светските инфлуенсерки и познати дами, а изгледа неодоливо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi)

Candlelit brown, всушност, претставува комбинација на нијанси на кафена, бакарна и златножолта боја, што резултира со многу богат тон на кафена боја со црвен и златен отсјај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi)

Нежно извлечените прамени треба да бидат неколку нијанси посветли од коренот и природната боја на косата, а може да се прави во повеќе тонови. Со оглед на тоа што прамените содржат повеќе бои кои се суптилно испреплетени, оваа боја е лесна за одржување и нема потреба од често бојосување на косата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi)

Предноста на оваа боја е што може да изгледа гламурозно и атрактивно и во зима и во лето. Исто така, со нијансирањето на прамените може да го најдете тонот што ви прилега и да изгледате помлади и посвежи.

Неверојатно шик, а се стилизира за миг: Зендаја има нова фризура што магазинот „Вог“ ја прогласи за најдобра за 2023 година!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.