Вака се облекува идната кралица: Кејт Мидлтон во фустан со кралска боја!

Стајлинг за десетка

Кејт Мидлтон е голем моден пример за многу љубители на модата кои верно ги следат сите нејзини појавувања, а сѐ што ќе облече војвотката, се распродава во рекорден рок

Една од најпопуларните членки на кралското семејство, војвотката од Кембриџ, го посетила Институтот за репродуктивна и развојна биологија при „Империјал Колеџ“ во Лондон.

Кејт (38) облекла фустан во едноставен стил во сина боја, кој убаво го нагласил нејзиниот светол тен и коса со боја на чоколадо, прошарана со едвај видливи костенливи прамени.

https://www.instagram.com/p/CGZt6QVneaD/

Креацијата на нејзината омилена дизајнерка Емилија Викстед била совршен избор за сопругата на принц Вилијам, која е љубителка на класичните модни комбинации.

Фустанот што ја следи фигурата, Кејт го зачинила со кожен ремен, а и овој пат носела цветна маска, исто така во сини тонови.

https://www.instagram.com/p/CGZwIZxByNm/

Косата стилизирана во благи бранови, која станала нејзин заштитен знак исто како црните салонки, го надополниле ова женствено издание на војвотката од Кембриџ.

Стајлингот го заокружила со впечатливи обетки.

Како ви се допаѓа ова издание на Кејт Мидлтон?

Проверено и елегантно издание на Кејт Мидлтон: Заблескала како што само таа умее!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.