Се чувствувате непродуктивно? Причината може да биде осаменост

И покрај тоа што списоците со обврски се беспрекорни и го организирате денот за една минута, сепак имате впечаток дека работата страда. Без грижа, вие не сте единствените и многумина се соочуваат со овој проблем во последно време.

Авторката, водителка и ТВ ѕвезда Џен Хатмајкер вели дека причината не е недостаток на организациски вештини, туку чувство на осаменост.

Што ги поврзува осаменоста и продуктивноста?

„Кога луѓето ќе почувствуваат дека припаѓаат некаде и ги сакаат, тие можат да напредуваат во секоја категорија. Но, и спротивното е точно. Ако луѓето се осамени, тие страдаат во секоја област и опаѓа нивната продуктивност, чувство на оптимизам и отпорност“, вели Џен Хатмајкер.

Оваа изјава има смисла затоа што емотивната врска со заедницата и емотивната врска воопшто се две од деветте основни емоционални потреби. Како социјални суштества, ние негуваме чувство на припадност и поврзаност со другите за да бидеме емотивно исполнети.

Кога станува збор за продуктивноста, постојат истражувања кои се поврзани со емоционално задоволство. Така, во една студија се вели дека осамените честопати се полоши во работата. Луѓето кои се чувствуваат изолирани се помалку посветени на своите работни места, а тоа им пречи на нивните работни способности и продуктивноста.

Што можете да направите?

Осаменоста поради пандемијата е секако нова состојба, а се зголемува и социјалната изолација. Работните задачи треба да се извршуваат беспрекорно, без оглед на сѐ, но менталното здравје е приоритет за секого. Ако почнете да се чувствувате преморени, можеби продуктивноста не е нешто што треба да се најде на вашата приоритетна листа. Можете да ја зголемите негувајќи чувство на припадност кон дигиталните канали.

1. Разговор со видео повик

Закажете време за дружење со пријатели и колеги. Додека средбите во живо се клучни, дигиталните средби се подобри од никакви.

„Социјалната интеракција, дури и ако е дигитална, може да ни помогне да се чувствуваме подобро поврзани“, изјавија Честер Елтон и Адријан Гостик.

2. Споделувајте слични интереси

Елтон и Гостик веруваат дека е важно да се поврзат со колегите и надвор од работата што ги обединува. Пронајдете заеднички интереси и откријте начини за разговор и споделување идеи.

„Постојат начини на кои можете да се забавувате преку Интернет. Испратете си списоци со книги за читање или рецепти за готвење. На овој начин, чувствуваме дека сите сме во иста ситуација заедно“, истакнува новинарката Лидија Денворт.

3. Бидете благодарни

„Изразувањето благодарност до колегите со кои споделувате секојдневни работни обврски може да биде одлична мотивација и да ја зголеми продуктивноста“, велат Елтон и Гостик.

Затоа, изберете ден за испраќање е-пошта или виртуелно заблагодарете им се на сите колеги кои работат со вас.

Прочитајте и: Знаци дека треба да го прекинете пријателството

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.