Црно од глава до пети: Нема ништо поедноставно, поубаво и поелегантно!

Модна лекција

Одличен стајлинг на Џенифер Анистон

Се’ што ви треба за да бидете едноставни, елегантни и модерни истовремено, а притоа сето тоа да изгледа како воопшто да не сте се потрудиле, се неколку добри модни парчиња во црна боја!

Тоа уште еднаш го докажала актерката Џенифер Анистон, која прошетала низ центарот на Лос Анџелес во црно од глава до пети, а сите очи биле вперени во неа поради совршената модна комбинација.

Таа за дневната прошетка одбрала црни панталони, обична црна тесна маица и црно сако, а стајлингот го заокружила со црни чизмички до глужд на ниска потпетица, кожен ремен и црна чанта.

https://www.instagram.com/p/B3uq1dDh05Y/

Кај Џенифер апсолутно се’ било во тон, па успеала дури и мобилниот телефон со кафеава футрола да го усклади со шнолата на ременот, рачката на чантата и очилата за сонце.

Оваа модна лекција на познатата актерка е уште еден доказ дека за добар стил не ви требаат многу пари, ниту прескапи дизајнерски парчиња, туку само малку умереност и едноставност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.