Шок за јавноста: Џенифер Лопез фотографирана во раскошна венчаница, а од свршеникот ни трага ни глас!

Невестата е тука, а каде е младоженецот?

Минувачите во Њујорк не можеле да им поверуваат на очите кога ја виделе латино-дивата во прекрасен фустан

Кога Џенифер Лопез се појавила во елегантна венчаница во Њујорк, сите биле шокирани, бидејќи никој не знаел ништо за никаква венчавка.

Имено, нејзиниот свршеник Алекс Родригез не бил во близина, а не било ни познато дека го одредиле датумот на венчавката.

https://www.instagram.com/p/B3wpPMagSV8/

Сепак, станувало збор за мала измама, бидејќи дивата се’ уште не се мажи. Лопез ја снима романтичната комедија „Ожени се со мене“, па била видена во прекрасна венчаница, но само за потребите на филмот.

https://www.instagram.com/p/B3wtYrrpj1A/

Во филмот кој се снима според мотиви на роман од Боби Крозби, таа глуми поп-ѕвезда која непосредно пред венчавката со својот дечко, рок-ѕвезда (го глуми колумбискиот пејач Малума), открива дека тој ја изневерил со нејзината асистентка.

Таа се доживува нервен слом на сцена и решава да одбере маж од публика (Овен Вилсон) и од инат да се омажи со него.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.