Тегет од глава до петици: Кејт Мидлтон уште еднаш воодушевила со оваа комбинација!

Кралски стил

По повод одбележувањето на Европската недела на ментално здравје, војвотката и војводата од Кембриџ отпатувале во англискиот округ Вест Мидландс

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон посетиле неколку организации и здружение во тоа подрачје, кои во склоп на своите програми се грижат и за менталното здравје на своите штитеници.

Прво дошле во здружението The Way Youth Zone, кое секојдневно организира разни видови активности и рекреации за деца и млади од 8 до 19 години. Таму учествувале и на работилница на која разговарале за тоа како физичката активност и поврзувањето со природата позитивно влијаат врз менталното здравје.

Потоа се упатиле на дружење со штитениците и притоа добро се забавувале. Кејт и Вилијам повторно ја покажале својата компетитивна страна за време на играњето пинг-понг, стрелаштво, но и садење цвеќиња.

Војвотката за таа пригода облекла одлична модна комбинација.

Со своите стари панталони облекла две нови парчиња во кои досега не сме ја виделе – преслатка кошула украсена со точки и долг капут во тегет боја.

Ги носела и своите добро проверени салонки направени од брусена кожа, а во тоа издание совршено се вклопила и чантата во истата боја.

Како ви се допаѓа овој стајлинг на убавата војвотка?

Првото јавно појавување на Кејт Мидлтон по погребот на принцот Филип: Елеганција на ниво!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.