Анастасија доби бакшиш за пеењето, но Цеца ѝ го одзеде (ВИДЕО)
Неочекуван потег
Цеца и Анастасија Ражнатовиќ во саботата одлично се забавуваа на приватната прослава кај своите пријатели, каде што по подолго време и двете пејачки се фатија за микрофонот.
Толку долго немам настапувано, а толку сакам да пеам, што се изненадив колку ме понесе целата атмосфера и колку уживав кај своите пријатели“, изјави Цеца по прославата на Гружанско Езеро крај Крагуевац.
Имено, прва настапи постарата Ражнатовиќ, и тоа пред 200 гости кои дојдоа на отворањето на ресортот, а подоцна пееше и нејзината ќерка, која си заработи и бакшиш.
View this post on Instagram
Но не за долго време, бидејќи мајка ѝ побрза да ѝ ја одземе банкнотата од 5.000 динари и им ја даде на музичарите што ја придружуваа.
Како изгледаше сето тоа, погледнете во видеото во продолжение:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм