Стил кој воодушевува: Мажите обожаваат да гледаат ваква гардероба на жените!

Од машки агол

Некои одговори ќе ве изненадат

Интензивните бои и впечатливата шминка ќе ја издвојат секоја жена од толпата, но нема да го привлечат вниманието на машкиот пол. Кога станува збор за мода и шминка, мажите сакаат поприроден изглед.

Ги прашавме, а тие искрено одговорија. Тие ги обожаваат жените со ваков стил на облекување…

Црвен лелеав фустан

Веројатно помисливте дека нивниот одговор ќе биде тесен и краток фустан, но напротив, машкиот пол повеќе сака да гледа лелеав фустан на жената, а уште ако е во црвена боја или со цветен дезен, тоа е дополнителен плус.

https://www.instagram.com/p/CDZW86BoORi/?utm_source=ig_embed

Елеганција

Признаваат дека позаводлива им е жената која го нагласува својот сексапил на суптилен начин од онаа што што покажува премногу кожа во кратки фустани. Кога сѐ е премногу очигледно, тоа знае да биде здодевно и нималку атрактивно, признаваат тие.

Класичен стил

Следењето најнови трендови и изгледот како штотуку да сте се симнале од модна писта, не поминуваат баш кај мажите. Тие повеќе „паѓаат“ на класичен и дискретен стил. Тесни фармерки, маица и салонки ќе бидат полн погодок ако планирате да шармирате некој маж.

https://www.instagram.com/p/CBgVrucqVOn/?utm_source=ig_embed

Пуштена коса

Брановидната долга коса е нивниот фаворит.

Дискретна шминка

Тоа што важи за гардеробата важи и за шминката. Умерено, ненападно и природно доаѓа предвид. Јаката шминка ќе ги избрка од вас.

https://www.instagram.com/p/CDvm4FLgDTs/?utm_source=ig_embed

Проверена модна комбинација: Во оваа облека ќе изгледате барем 5 килограми послабо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.