Анџелина или Џенифер? Бред Пит признал: „Со неа ми беше најзабавно во кревет!“

Ја открил тајната

Конечно открил детали од приватниот живот

„Анџелина или Џенифер?“ е прашање кое многупати му е поставено на 56-годишниот актер Бред Пит, но тој никогаш не сакал да ја открие оваа тајна од спалната соба.

Но ако може да му се верува на извор близок на актерот, кој за американските медиуми ја открил „валканата тајна“, на Бред во кревет сепак му било повозбудливо со 51-годишната Џенифер Анистон.

„Еднаш испи два, три пијалаци повеќе, па другарите го наговараа да открие со која сопруга му било позабавно во спалната соба. Иако одбиваше да одговори на тоа прашање, на крајот сепак призна дека со Џенифер Анистон сѐ било поопуштено и дека имало повеќе страст во нивниот кревет.

Иако напомена дека и со Џоли било така на почетокот, подоцна работите се смениле, а Анџелина наводно не сакала да спие со него повеќе од еднаш до два пати неделно.

Бред дури и откри дека Џенифер е најзабавната личност со која спиел, бидејќи отсекогаш го привлекувало тоа што е полна со самодоверба и подготвена на нови работи. Рече дека речиси никогаш не го одбивала и дека секогаш била расположена за ’жешки игри’“, открил близок контакт на славниот оскаровец.

Откриено како Анџелина Џоли го завела Бред Пит: Му се вовлекла гола во креветот за време на снимањето
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.