Што мислите за овој моден избор на Јелена Розга? (ФОТО)

Дали сè уште би ја нарекле „модна икона“?

Јелена Розга (44) важи за јавна личност чии модни комбинации зрачат со женственост, софистицираност и префинет вкус.

Дождливите октомвриски денови, популарната пејачка ги поминува во родната Хрватска, а за стајлинот што го покажа на Инстаграм доби грст пофални зборови и прашањето каде може да се купи облеката што ја носи на фотографијата.

Белите волнени џемпери се многу популарни оваа сезона, особено во комбинација со тексас и кожа, а пејачката го одбрала овој тренд за опуштена прошетка со пријателите.

Миди тексас-здолништето е идеално решение за дами со вита става, а Розга го искомбинира со воени чизми, кои и оваа зима се апсолутен must have.

Чантата „Гучи“, пак, на овој стајлинг му дава посебен шарм.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.