Џенифер Анистон со емотивна порака се прости од пријателот и колегата (ФОТО)

Тажен ден

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер почина од последиците на карциномот на простата.

Покрај славната шесторка од серијата „Пријатели“, еден од ликовите без кои серијата секако немаше да биде иста е Гантер.

Шанкерот од омиленото кафуле „Централ парк“, кој беше лудо вљубен во Рејчел, нè напушти во 59-та година од животот по долга и тешка болест.

Џенифер Анистон се прости од својот пријател и колега на социјалните мрежи, објавувајќи видеоснимка од нивна заедничка сцена и оставајќи емотивна порака покрај неа.

‘Пријатели’ никако немаше да бидат исти без тебе. Ти благодарам за смеата што ја донесе во серијата, но и во нашите животи. Ќе ни недостасуваш многу!“, напиша Џенифер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.