Ова мажите не го сакаат во бракот!

Не правете го ако сакате да имате хармоничен однос со партнерот

Фото: Getty Images

Вообичаено е мислењето дека мажите одлучуваат да стапат во брак само поради две работи – редовно задоволување на интимните потреби и желбата секогаш да имаат складирана храна и чист дом. Но, тоа не е така.

Имено, мажите, исто како и жените, имаат емоционални потреби и сакаат да бидат разгалени, почитувани и сакани. Бракот пред се бара посветеност од двете страни. Улогата на мажот во бракот, како и неговите ставови во врска со заедничкиот живот, најчесто се погрешно прикажани.

Што навистина сакаат мажите и што им треба во бракот отсекогаш била тајна за многу жени. Психолозите тврдат дека две работи се клучни за мажите во брачна заедница.

Фото: Getty Images

Не го менувајте

На почетокот на врската, се е прекрасно, ништо не ви пречи кај вашиот партнер и сте ги прифатиле сите негови недостатоци. И тогаш поминува одреден период или се потпишувате на хартија на која се колнете на вечна љубов и нешто се менува.

Одеднаш веќе не ги сакате неговите пријатели, начинот на кој се облекува, работата што ја работи… Звучи познато, нели?

Се разбира, пожелно е да му сугерирате и укажувате на грешките на вашиот партнер, но желбата да ги смените работите што ги правел пред вас – не е.

Мажите гледаат на жената како поддршка и рамо на кое секогаш можат да се потпрат, ако тоа му го одземете, можете многу брзо да го изгубите.

Личен простор

Жените честопати имаат потреба веднаш да кажат и да споделат се со својот партнер, додека мажите честопати сакаат да се изолираат и сами да поминат одредена фаза од животот.

Мажите очекуваат разбирање од жените, дури и во оние денови кога прават многу грешки. Ние веруваме дека понекогаш е тешко да се разберат, но не е тешко да се обидете.

Имајте трпение и оставете го да го реши она што го мачи во мир и на свој начин.

Сите сакаме време за себе. Не е себично, тоа е потреба на секое човечко суштество. Мажите се многу различни од понежниот пол.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.