Овенот е херој, бикот првично е во шок, девицата веќе има смислено решение: Kако секој хороскопски знак се справува со кризни ситуации?

Како реагирате во алармантни и кризни ситуации?

Дали кога ќе наидете на проблем сте човек од акција или се смрзнувате? Паничите или смирено пристапувате кон проблемот?

Хороскопот има одговор и на овие прашања. Очигледно начинот на кој реагирате во кризни ситуации зависи од хороскопскиот знак.

Па, проверете – кој каков човек е? На кого може да се потпрете во алармантна ситуација, а кој ќе се потресе повеќе од вас?

Овен

Ве води адреналинот и во добра форма сте дури и во итни ситуации. Вие сте херојот кој се впушта во акција.

Бик

Не поднесувате лесно промени и неочекувани ситуации. Во итни и алармантни моменти – се смрзнувате. Тешко се стабилизирате и не знаете што да правите.

Близнаци

Не се плашите да ги преземете потребните чекори ако нешто тргне наопаку. Прво ќе се спасите себеси, а потоа можеби ќе се погрижите за другите.

Рак

Вие сте решавач на проблеми кој повеќе се грижи за другите. Ако некој ваш сакан е во опасност, ќе направите што и да треба за да помогнете и ништо нема да ве деконцентрира.

Лав

Може да имате мини нервни сломови на секоја ситница, но за некое чудо, во итни и алармантни ситуации вие сте смирени. Со ладна глава ќе го преземете водството.

Девица

Вие се човек што се грижи за секоја ситница и размислува однапред, па нема нешто што многу може да ве начека неподготвени. Веќе имате смислено решение за секое сценарио и знаете што да правите.

Вага

Станувате тивки и се повлекувате настрана. Избезумени сте, но се трудите да не го покажете тоа. Силни сте за сите околу вас, додека во себе доживувате експлозија.

Скорпија

Станувате нервозни ако нешто тргне наопаку. Се обидувате да најдете некој виновник наместо да барате решение. Имате проблем со самоконтролата.

Стрелец

Не ве изненадува ако нешто тргне на лошо. Очекувате да се случат секакви работи, но покрај песимизмот, во вас владее доза на оптимизам дека ќе биде во ред, па не паничите.

Јарец

Секогаш останувате со ладна глава и став дури и кога паничите одвнатре. Вие сте идеална личност за секого за во алармантни ситуации бидејќи знаете да ги смирите сите.

Водолија

Ќе почнете да плачете уште во првата минута. Не можете да ги контролирате емоциите, посебно не во вакви итни ситуации.

Риби

За време на итни или алармантни ситуации вие сте тој што ќе го земе телефонот и ќе ја снима драмата. Нема да се грижите многу да помогнете, а дури може и да направите повеќе штета отколку корист.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.