Секогаш совршено средена: Викторија Бекам докажала дека и дома можеме да изгледаме тип-топ!

Ви се допаѓа?

Порано задолжително модно парче беше црното фустанче, но пандемијата на ковид-19 промени многу работи

Помина речиси цела година откако на глобално ниво се соочуваме со пандемијата на ковид-19, која во нашите животи, но и во модната индустрија предизвика многу промени. Имено, сè повеќе време поминуваме дома, па гламурозните модни парчиња паднаа во заборав, но и дома можете да изгледате како модна икона, а доказ за тоа се пижамите на Викторија Бекам.

Викторија нашла начин како за своите обожаватели да создаде гардероба што може да се носи и во удобноста на домот. Покрај фармерките што ги претставила за време на годинешната модна недела и соработката со Рибок каде што потпишува модел на хеланки, им дојде редот и на прекрасните пижами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Имено, Викторија во колекцијата за облека има и пижами што и самата обожава да ги носи. Омилени ѝ се тие со линии, во кои позирала за фотографија на Инстаграм. Станува збор за модел кој може да се носи дури и надвор како беспрекорно скроен шик костум.

 

Пижамите на Викторија Бекам се направени од лесен памук со темносини и крем линии, а во понудата има и наметка, маска за очи и патна торба со истиот дезен. Секое парче на себе го има извезено логото на брендот VVB, додека наметката може да се нарача и со персонализирани иницијали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

„Ова сакам да го носам по напорен работен понеделник! Опседната сум со овој прекрасен VVB сет на пижами“, напишала дизајнерката на фотографијата што ја објавила на Инстаграм.

Викторија Бекам дефинитивно знае како да изгледа стилизирано дури и за време на мрзлив ден дома. Како вие ги поминувате деновите во пижами?

Викторија Бекам во фустанот што секоја жена би требало да го има во плакарот: Ги крие недостатоците и одговара на секој тип обувки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.