Пире од компири на поинаков начин: Едноставно, а меко, кремливо и совршено!

Пробајте!

Доколку ви здодеало вообичаениот начин на приготвување пире од компири, имаме одличен рецепт за вас

Состојки:
  • 1,5 кг компири
  • 400 мл млеко
  • 3 жолчки
  • 75 г путер
  • сол
Приготвување:
  • Најпрво излупете го компирот и исечкајте го на ситни коцки, па сварете го во вода.
  • Кога компирот ќе биде потполно мек, добро исцедете ја сета вода, па добро изгмечете го.
  • Најпрво додајте го путерот, па полека соединете.
  • Додавајте ги жолчките една по една, а млекото малку по малку, со тоа што неопходно е пирето да го матите со најмалата брзина на миксерот.
  • Потоа, вратете го пирето на рингла неколку минути да проврие малку, на тивок оган.
  • На крај, додајте сол по вкус.
Додадете го ова во вашето пире од компири за тоа да биде уште покремасто и повкусно
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.