На 62 години нема ниедна брчка на лицето: Ова е тајната на младешкиот изглед на Мишел Фајфер!

Бјути-трикови

Актерката ги открила своите навики

Актерката Мишел Фајфер неодамна споделила фотографија на Инстаграм без ронка шминка и добила еден куп позитивни коментари. Иако е во седмата деценија од животот, без проблеми би можела да се рамни и со многу помлади жени.

„Кога се занимавате со глума, осудени сте да си го гледате процесот на стареење на големиот екран, а тоа не е ни едноставно ни природно и многу влијае врз самодовербата“, открила таа.

Еве кои се нејзините бјути-трикови и навики…

1. Веганска исхрана за лице без брчки

„Мислам дека изгледот на мојата кожа најмногу се должи на тоа што сум веганка. Мора да знаете дека веганската храна е многу поздрава и дека во неа нема токсини што го поттикнуваат стареењето на кожата, а покрај тоа, ќе ви помогне и полесно да ја одржите посакуваната тежина. Ми требаа само неколку недели да се навикнам на консумирање исклучиво овошје и зеленчук, но морам да нагласам дека и претходно не бев голем љубител на месни производи. За жал, за значењето на веганската исхрана станав свесна прилично доцна, но се надевам дека барем малку ќе успеам да го забавам процесот на стареење.“

2. Редовно вежбање и доволно сон

„Тајната на мојот изглед, покрај во веганската исхрана, лежи и во редовното вежбање, доволната количина на сон и насмевката која не ја симнувам од лицето. Запомнете дека насмевката ве прави помлади и послатки. Што се однесува до вежбањето, најчесто трчам, а уживам и во вежбите пилатес и во планинарење.“

3. Ситните естетски корекции не ѝ се непознати

„Немам ништо против пластичните операции и мислам дека сите што сакаат треба да го коригираат она што не им се допаѓа. Морам да признам дека ботоксот не ми е непознат, признавам дека одвреме-навреме одам на третмани, но не се обидувам целосно да го изменам личниот опис. Во сè треба да се биде умерен.“

Цел свет полуде по новата боја на коса на Мишел Фајфер, но дали нејзе ѝ прилега? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.