Привлекува добри работи како магнет и штити од лоши намери: Ова цвеќе мора да се најде во сечиј дом!

Фенг шуи

Доколку го имате ова цвеќе дома, ќе привлечете изобилство на среќа, пари и успех

Ако во просторот каде што поминувате најмногу време се чувствувате пријатно, тоа значи дека владее позитивна енергија, а тоа е основниот предуслов за привлекување убави работи во животот.

Според верувањата на фенг шуи, најдобро е да се опреми станот со разни детали, а ѕидовите да се бојадисаат во посветли нијанси за да се овозможи струење на позитивна енергија. Обрнете внимание домашниот простор да биде што поотворен и со многу цвеќе.

Познато е дека цвеќето го прочистува воздухот, убива бактерии и вируси, а според фенг шуи, во секој дома треба да има цвет лилјан, бидејќи тој привлекува пари, љубов и успех. Освен тоа, поттикнува хармонија и среќа меѓу луѓето. Тој ќе го збогати просторот и ќе направи секој дом да изгледа поубаво и попријатно.

Најдобро е да ја чувате оваа билка во дневната соба или во просторијата каде што одморате. Исто така, се препорачува да се стави на тераса, пред влезната врата, за да се спречи влегувањето на лоша енергија и зли намери.

Како се сади и негува лилјан?

На лилјанот му треба светло место, па најдобро е да го чувате близу прозорев. Поднесува разни типови земјиште, а водата не смее да се задржува за да не овене.

Овој цвет се сади во саксија напролет и цвета истото лето или наесен и во тој случај ќе треба да почекате за цутењето до следното лето.

Коренот на лилјанот се сади на длабочина два до три пати поголема од самиот корен, за да пушти подобар корен, а стебленцето да биде поцврсто.

Цути само еднаш годишно, но со текот на годините бројот на цветовите се зголемува.

Ова цвеќе не е за во домот: Може да ве отруе, без да бидете свесни за тоа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.