Првата дама на Франција се појавила во најмоќното издание досега: Секоја жена сонува за овие обувки!

Како ви се допаѓа?

Во саботата на 7 мај, во Париз се одржала инаугурацијата на францускиот претседател Емануел Макрон. Очекувано, сите очи биле вперени во изданието на неговата сопруга Брижит, која повторно воодушевила

Првата дама на Франција за оваа важна пригода се определила за едноставна, ненападна, но многу моќна комбинација во бела боја, која лесно се издвојувала во толпата, со оглед на тоа што поголемиот дел од присутните одбрале темни бои.

 

Брижит оставила силен, ефектен впечаток во монохроматското издание, а белиот фустан со рамен крој и должина до колената го искомбинирала со квалитетно, пократко сако со потполнки и низа копчиња.

Ова го надополнила со дијамантски обетки, како и со модерни, впечатливи салонки во бела боја со метален шпиц и вртоглаво високи потпетици. Овој модел на салонки е многу популарен оваа сезона – класичен е, но поинаков и шик, токму поради металниот детаљ што му дава посебен шмек.

Брижит својата бујна, руса коса ја подигнала во лежерна ниска пунџа со понекој „немирен“ прамен, а се одлучила за својот вообичаен начин на шминкање – светлорозов кармин и темни нијанси на очните капаци.

Како ви се допаѓа ова издание на Брижит Макрон?

СОВРШЕНО: Брижит Макрон се појавила во неверојатно модерен костим и докажала дека е најдобро облечената прва дама!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.