Познатата манекенка нема конкуренција: Им стана закана и на мажите – никој не е подобро облечен од неа!

На прво место

Бела Хадид е најдобро облечената жена на светот која ги загрозува дури и мажите – модните експерти тврдат дека никој не носи машка облека подобро од неа

Бела Хадид важи за една од најдобро облечените жени на светот, а познатиот магазин GQ неодамна ја ставил на прво место на листата на најмодерни луѓе. Магазинот ја опишува Бела како некој кој може да облече буквално сè и добро да ѝ стои, па дури и машка облека.

„Машка облека. Женска облека. Работна облека. Улична мода. Формална облека, технолошки унапредена. Ретко кој може да облече сè. Но Бела Хадид може – принцезата што знае да го носи секое модно парче“, пишува магазинот GQ.

Инаку, Бела во 2019 година беше прогласена и за најубава жена на светот, додека нејзините црти на лицето се окарактеризирани како идеални. Оној момент кога Бела ќе зачекори на модната писта, сите занемуваа, додека дизајнерите се „тепаат“ за неа.

Со оглед на тоа што таа е една од ретките кои ги краси необичен и впечатлив стил, не е ни чудно што ја сметаат за најдобро облечена. Нејзините модни избори се сè само не секојдневни.

Бела Хадид е единствената достојна за титулата „најмодерна личност“, додека пресуден фактор бил машката облека, како и начинот на кој манекенката ја носи.

„Строги кроеви. ‘Прада’ мокасини. Големи тексас-јакни. Крзнени шешири. Хадид ја носи машката облека подобро од повеќето мажи, а истовремено може да носи и сè друго, што било друго“, заклучило жирито.

Што мислите вие за стилот на Бела Хадид?

Смело модно издание со кое Бела Хадид на сите им го одзеде здивот (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.