Озлогласениот актер бил виден валкан и запустен по веста дека татко му милионер починал: Го стигнал прадедовскиот грев!

Беше обвинет за силување и канибализам

Арми Хамер некогаш важеше за ѕвезда во подем во Холивуд, но по обвинувањата за канибализам и силување, семејството одлучило да го изостави од тестаментот

Актерот Арми Хамер бил виден како бесцелно шета во скината маица и видно запустен, откако ја добил веста дека татко му Мајкл починал на 67-годишна возраст по долгогодишната борба со ракот.

Арми има само 36 години и успешна кариера зад себе. Токму кога животот му тргна во нагорна линија, се појавија обвинувањата за канибализам и силување, поради што стана непожелен во Холивуд.

Ќе кажевме „баш му е гајле, има пари од семејството“, но во тој период и неговото семејство крена раце од него. Поради сето тоа, Арми бил принуден да работи како менаџер на станбен објект на Кајманските острови.

Меѓутоа, валканите тајни на семејството Хамер испливаа на виделина.

„Цвеќе за мирисање“ не бил ниту покојниот Мајкл, таткото на младиот Арми. Се зборува дека Мајкл бил вмешан во најголемиот скандал со уметнички измами во Њујорк и дека под темелите на компанијата на Хамер имало „сексуална зандана“.

Се зборувало дека покојниот Мајкл имал изопачени сексуални фантазии што ги спроведувал тајно.

Дедото на Арми, Џулијан Хамер, е потомок на човек кој убил друг човек поради коцкарски долг, а самиот Џулијан, наводно, сексуално ја злоупотребувал својата ќерка Кејси.

Меѓутоа, ниту еден член на семејството Хамер досега не платил за својата мрачна страна, туку проклетството го снашло Арми.

Сега, медиумските страници ги полнат исповедите на жените кои тврдат дека Арми се гордее со мрачната страна на своето семејство.

Злоупотребувал жени, обвинет за канибализам, семејството се откажа од него: Актерот Арми Хамер сега целосно се повлече од јавноста, еве што прави!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.