Џеј Ло ги избриша сите објави и постави црна профилна слика: Фановите загрижени, таа не кажува ништо! (ФОТО)

Што ли се случува...

Пејачката Џенифер Лопез ги избирала сите свои објави на Инстаграм, а профилната слика ги заменила со црна позадина.

Пејачката и актерка не дала досега ниту едно објаснување, а нејзините 226 милиони следбеници прашуваат што се случило.

Пред неколку дена таа на ТикТок објави видео како разменува нежности со сопругот Бен Алфек, а подоцна истото го објави и на Инстаграм.

Нејзиниот потег да ги избрише сите фотографии изненади многумина, со оглед на тоа дека пејачакта била многу активна на оваа социјална мрежа.

Дали е ова уште еден трик, со оглед на тоа дека познатите ѕвезди често се одлучуваат за ваков потег кога сакаат да привлечат внимание поради новите песни и албуми или во прашање е нешто сосема друго, засега не е познато.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.