Повредни се од кој било капут, а и во тренд се! (ФОТО)

Еве зошто ги сакаме...

Иако пред неколку години беа резервирани за оние што одат на скијање, дебелите, штепувани, полнети со пердуви, пуфер-јакни денес им се неизбежно парче облека на сите девојки што ги следат модните трендови.

Ги обожаваат познатите личности, кои најчесто ги носат додека се шетаат, а ги видовме на манекенките Кендал Џенер, сестрите Џиџи и Бела Хадид, Емили Ратајковски…

Посебно ги одликува практичноста и тоа што се топли, додека дизајнот им е во втор план, па сите се некако слични.

Се разликуваат единствено по бојата, дезенот и материјалот, а вистинска разлика знае да направи и малиот детаљ, како што е ремен или качулка, во кој се крие тајната на големите мајстори. Секогаш е добро да инвестирате во пуфер-јакна, која изгледа уште долго време нема да излезе од мода.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.